 OMP постои и е присутен во авто индустријата веќе 35 години. Нивните почетоци се со рачно изработени roll-bar системи, а денес се водечки бренд во опремувањето на повеќе тимови во авто-мото спортот во сите категории. Постојаното присуство во авто-мото спортот придонесува OMP да биде секогаш на врвот со секојдневно усовршување, осовременување и иновирање на сите продукти од палетата на овој реномиран производител на спортска опрема во автомобилската индустрија. Доказ за квалитетот на производите на оваа реномирана компанија е и тоа што OMP комбинезоните меѓу сите други ги носеа и светските прваци Michael Schumacher и Tommi Mäkinen. OMP партнери меѓу останатите се: - Formula 1
- GP 2 Series
- Rally WRC
- Rally PWRC
- FIA GT Championship
- IndyCar League
Виртуелните каталози за целата палета на OMP продуктите можете да ги погледнете тука .
|